Општи услови и правила

Предмет на овие Општи услови е утврдување на условите за онлајн нарачка, плаќање и купување нa производи преку веб страната на ТехноЦентар www.tehnocentar.mk. Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи услови за онлајн купување:

– Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната www.tehnocentar.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги на ТехноЦентар.

– Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната на ТехноЦентар нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на ТехноЦентар. За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со ТехноЦентар се применуваат позитивните законски прописи во Република Северна Македонија од областа на електронските комуникации, електронска трговија, заштитата на личните податоци и заштитата на потрошувачите, како и Општите услови за начинот на пристап и користење на јавните комуникациски услуги на ТехноЦентар.

Цените на сите производи на www.tehnocentar.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. Цените за онлајн купување може да бидат привилегирани и помали од малопродажните цени и ќе бидат соодветно означени на веб апликацијата www.tehnocentar.mk. ТехноЦентар го задржува правото за промена на цените, без претходно известување. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од понатамошните промени.

Купувачот може да избере еден или повеќе производи од понудата. Може да ја откаже или измени нарачката пред да го реализира плаќањето. По завршувањето на нарачката, ќе биде испратен потврден e-mail на адресата наведена од страна на купувачот. ТехноЦентар има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот при технички проблеми, без обврска за обесштетување освен враќање на уплатените средства.

ИСПОРАКА Испораката се врши на адресата внесена при нарачката, во рок од 2-3 работни дена, без пресметување на неработни денови. Во случај на недостапност или непристапност до адресата, ТехноЦентар се ослободува од обврската. Производите се доставуваат до влезната врата на куќата/зграда.

ГАРАНЦИЈА И ГАРАНТНИ УСЛОВИ Сите производи кои се под гаранција доаѓаат со гарантен лист. Гаранцијата стапува на сила од датумот наведен на листот или фактурата. За сервис, потребно е производот да биде во оригинална амбалажа, со приложена фискална сметка и гарантен лист.

Сервисот има рок од 30 дена за поправка. Ако производот не може да се поправи по 5 пати, се заменува со нов или еквивалентен. Гаранцијата не важи при: физички оштетувања, поправки од неовластено лице, природни непогоди, неправилно користење, употреба на неоригинални делови и слично.

ВРАЌАЊЕ ИЛИ ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОД Враќање е можно само ако производот е нефункционален и нема можност за замена. Во тој случај, се врши поврат на средства со приложена сметка и во рок од 24 часа од приемот на производот. Производот и пакувањето не смеат да имаат оштетувања.

Овие услови може да се менуваат без претходно известување. За најнови информации, следете ја нашата веб страница www.tehnocentar.mk

Shopping Cart